Официјално е одложен мечот Ковалев-Меликузиев

Борбата меѓу Сергеј Ковалев и Бектемир Мелукузиев е официјално одложена. Тие требаше да се сретнат на 30 јануари, но позитивниот допинг тест на Ковалев ја иницираше одлуката на Калифорниската комисија за спорт (ЦСАЦ) да ја одложи борбата.

„Откако дознаа за позитивниот тест на Ковалев, ЦСАЦ одлучи да го одложат настанот. Ние сме уништени за Меликузиев, но знаеме дека ќе имаме одлична 2021 година. Со нетрпение ја очекуваме нашата следна гала вечер за 13 февруари“, објавија Голден бој промоции на социјалните мрежи.

37-годишниот Ковалев требаше да се бори со Меликузиев, кој нема пораз на шест професионални натпревари во Русија, но борбата е пренесена во Калифорнија пред само неколку дена. Можноста за презакажување на овој дуел постои доколку вториот тест на Ковалев се покаже негативен. Досега беа земени предвид само резултатите од неговиот „А“-примерок. Неговите резултати од „Б“-примерокот сè уште се чекаат.

Тимот на Русинот тврди дека тој е невин. Траги од „синтетички тестостерон“ се пронајдени во неговиот позитивен примерок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО