Рајан Гарсија и Конор Бен за малку ќе се степаа на доделувањето на наградите на магазинот Ринг.
Тензиите брзо се зголемија откако Гарсија беше прашан дали ќе се бори со Бен. Кога Гарсија рече да, работите брзо ескалираа бидејќи двајцата почнаа да си зборуваат глупости, за малку да се степаат на лице место. Конор го турна Рајан, по што двајцата биле разделени и не се случил посериозен инцидент.
Гарсија ја имаше привремената титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во лесна категорија во 2021 година. Тој стана 15-кратен национален аматерски шампион и собра аматерски скор од 215 победи и 15 порази. Рајан има професионален скод од 24-1 (1) и во последната борба во април 2024 година го победи Девин Хејни.
Победата му беше поништена откако падна на допинг тест и доби 1 година суспензија. Бен, пак, има боксерски скор од 23-0 и ја држи континенталната титула во полутешка категорија на ВБА (Европа).
Видео од нивната расправија: