АктуелноБоксПрофесионален

Рајан Гарсија ги објави датумот и местото за борбата со Конор Бен

Рајан Гарсија официјално откри кога и каде ќе се одржи неговата долгоочекувана борба со Конор Бен.

Светскиот шампион на ВБЦ во полусредна категорија изјави дека борбата ќе се одржи на 12 септември во Т-Мобиле арената.

Веста ја објави Гарсија за време на неговото појавување во шоуто на Џими Фалон.

Американецот упати и неколку сериозни закани кон својот противник.

„Се бориме на 12 септември. Ќе биде во Вегас“, рече Гарсија. „Тој зборува многу. Зборува луди работи. Па затоа станува малку лично“.

„Навистина ќе го удрам и ќе го вратам во Велика Британија да пие чај“.

Конор Бен е син на легендарниот двократен светски шампион Најџел Бен и со години е меѓу најзборуваните имиња во британскиот бокс.

Официјалното објавување на целата гала вечер и дополнителни детали за борбата се очекува да бидат објавени во наредните недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA ADDICT (@mmaaddictonly)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON