Рајан Гарсија е упасен по дивеењето во хотел во Беверли Хилс

Рајан Гарсија изгледа намерно си ја уништува боксерската кариера со уште еден скандал надвор од рингот. Овој пат е уапсен во Беверли Хилс откако беснеел во хотел, пренесува ESPN.

Властите биле известени во доцните попладневни часови, а во 17:45 часот по локално време, „Кралот Ри“ бил приведен под обвинение за уништување имот во вредност од приближно 15.000 долари.

Гарсија тврдеше дека има медицински проблем и беше однесен во медицинскиот центар Седарс-Синај за да добие лекарска помош.

Кон обвиненијата може да се додаде и обвинение за консумирање алкохол на јавно место, според информациите на неговиот адвокат, пртенесени од медиумот.

25-годишниот Латиноамериканец моментално води битка да го исчисти своето име, откако беше прогласен за виновен за употреба на забранети стимуланси за боксерската борба со Девин Хејни во април. Претходно, тој сврте голем дел од неговите следбеници на социјалните мрежи против него со откачените објави. Подоцна изјави дека тоа било дел од стратегијата за мечот од соништата, но се чини дека неговото недолично однесување продолжило и потоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON