Рајан Гарсија би требало во април повторно да се врати во рингот

Рајан Гарсија пред една година стигна до својата најголема победа во кариерата. Американскиот боксер со прекин во седмата рунда го победи Англичанецот Лук Кембел.

Кинг Рај се надеваше на уште еден меч во текот на годината, но повеќе не влезе во рингот.

Тој неодамна изјави дека сака добро да се одмори, а поради повреда ја откажа борбата што ја планираше во декември.

Но, Рајан Гарсија повторно се впушти во сериозни подготовки, бидејќи следниот настап би можел да го има на 2 април на настан во Лас Вегас веројатно против Џозеф Дијаз.

Поранешниот шампион на ИБФ во полусредна категорија минатиот месец загуби од Девин Хејни во меч за титулата ВБЦ со едногласна одлука на судиите.

Минатата година во лесна категорија Васили Ломаченко беше единствениот со два меча, додека другите големи ѕвезди Девин Хејни, Џервонта Дејвис, Рајан Гарсија, Теофимо Лопез и новиот трикратен шампион Џорџ Камбосос Јуниор боксираа само еднаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON