Александар Усик: На Украина не и требаат херои

Александар Усик тврди дека многу од работите што се случуваат околу неговата родна Украина се намерно фалсификувани. Во последно време има голема тензија околу неговата татковина. Продолжува да се зборува дека Русија се подготвува да изврши инвазија на нивната територија.

Ова предизвика уште еден светски шампион во бокс, Витали Кличко да каже дека е подготвен да се бори со Русите. Кличко е градоначалник на Киев и таквите изјави му одат во прилог за неговата кариера во политиката.

Сепак, Усик не е политичар и е внимателен со изјавите по тоа прашање. Шампионот во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО изјави дека на Украина не и требаат херои.

„Ова е само за да привлече повеќе внимание. Се е за привлекување внимание. Сето ова се прави свесно и намерно. Многу ситуации се намерно фалсификувани. Ова го научив од човек кој работи за државата. Излегува дека на земјата не и требаат херои.

Нема пророци во мојата земја, но ќе продолжам да ја развивам и величам мојата земја на секој можен начин. Јас сум роден во оваа земја, а таа е родена многу пред мене. Украина не е должна ниту на мене ниту на моите родители. Имам се“, рече Усик во интервју за познат Јутјуб канал.

Усик последен пат го видовме во рингот на крајот на 2021 година. Тој го победи Ентони Џошуа и сега се подготвува за втор судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО