Рајан Бадер: Федор има сè што му треба за да биде најдобар, но сепак мислам дека Веласкез е подобар

Тој рече дека Федор никогаш не се борел во УФЦ и дека Веласкез ќе го победи Федор во неговите најдобри денови.

Апсолутната легенда на ММА спортот, Федор Емелијаненко, викендов ќе ја одработи прошталната борба. По 23 години долга професионална кариера, тој реши да се пензионира, а тоа ќе го направи на многу респектабилен начин – ќе атакува на титулата во тешка категорија на Белатор што ја држи Рајан Бадер.

Ова е за почит бидејќи Федор не зеде „канта“ за свој последен противник, односно некој со лошо досие и кого сигурно би го победил. Рајан Бадер е човекот кој го нокаутира за само половина минута на нивната прва средба, а Федор реши да се одмазди на својот последен меч.

Кога се дискутира за најдобар на сите времиња (ГОАТ), Федор е веднаш на врвот за многу фанови. Статусот на легенда го стекна уште во златните денови на Прајд, а Рајан Бадер зборуваше токму на оваа тема:

„Би рекол дека Каин Веласкез е најдобар кога е здрав, но факт е дека не може да остане здрав долго време. Тој исто така го немаше резимето што го имаше Федор. Ќе кажам дека Каин Веласкез е најдобриот тешкаш на сите времиња. Ако сакате да ставите етикета на тоа, Федор е тој. Но, тој никогаш не се борел во УФЦ, иако не сакам да му одземам ништо“, изјави Бадер за ММА фајтинг.

„Федор изгради наследство. Се бореше со тие ликови во Јапонија, многу ги победи. Но, ако ги ставите Федор и Каин од нивните најдобри денови во иста борба, мислам дека Каин би победил. Едноставно, мислам дека тој е најдобар на сите времиња, тој навистина беше животно“, додаде тој.

Бадер ќе добие уште една шанса да се бори со легенда како Федор, иако во мечот влегува како фаворит. Ако се земат предвид годините и нивната прва средба, таквиот статус дефинитивно е оправдан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON