Успешното враќање на Мајк Тајсон во боксот нема да биде изолиран случај.
Поранешниот шампион во тешка категорија ВБА, ВБЦ и ИБФ во моментов планира меч во септември, изјави неговиот тренер Рафаел Кордеиро.
Противникот ќе биде објавен наскоро, но Кордеиро изјави дека Мајк веќе тренира за борбата.
„Продолжуваме со тренинзи. Тој е спортист и тренира цело време, работи на шепите во теретана. Мислам дека ќе имаме настан во септември. Не знам против кого, бидејќи неговата компанија „Legends Only League“ работи на преговори за ТВ зделка, за да можат да ја објават програмата, но ние тренираме. Ќе се бориме во септември“.
Тајсон ја основаше Леџендс онли лиг во јули 2020 година како нова платформа за пензионирани боксери и ја направи својата прва борба по 15 години против Рој Џонс во Лос Анџелес.
Тајсон добро се претстави во рингот, собра и многу гледачи, а борбата заврши нерешено.