Рафаел Физиев вели дека УФЦ ќе создаде нова категорија

Рафаел Физиев во интервју рече дека УФЦ ќе создаде нова категорија до 74,8 килограми (165 фунти).

УФЦ се најде на мета на критики бидејќи меѓу категориите од 70 и 77 килограми нема средна категорија. Но, се чини дека работите ќе се променат.

„Ова не е гласина. Знам дека е веќе сигурно. Па слушнав. Веќе ги истражувале работите и ги организирале. Се чувствувам добро со 70 кг. Јадам тестенини vo неделата на борбата. Јадам и пред мерењето. Никогаш не сум имал проблем со тежината. Само се контролирам и пред и по средбите. Моето искуство покажа дека не треба да јадам 10 сникерси. Затоа мислам дека не би се борел во повисока категорија“, категоричен е Азербејџанецот со руски корени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON