Рафаел Физиев ги скина предните вкрстени лигаменти / ACL / и сега ќе мора да оди на операција.
Веста доаѓа од Дејвид Абаси, кој е спортски хирург. Абаси предвиде дека Физиев ќе биде надвор од терените меѓу 9 и 12 месеци. Минатиот викенд Рафаел влезе во кафезот за да го предводи настанот УФЦ Вегас 79. Тој се соочи со Матеуш Гамро во борба во лесна категорија.
За жал, Физиев во втората рунда се здоби со повреда на коленото. Па загуби со ТКО. Поразот беше втор по ред за Физиев во УФЦ. Има 6 победи и 3 порази под знамето на УФЦ. Физиев ќе се бори најрано во август 2024 година.
Останува да видиме кога Физиев ќе биде опериран. Тоа секако ќе се случи во блиска иднина.
Fiziev clearly tore his ACL. From video my first 1st image shows his knee slid forward consistent w ACL tear.
2nd image knee slid back into place.Will likely get ACL surgery- likely out for 9-12 months. #fiziev #acl #UFCVegas79 https://t.co/PpJODHzxcp pic.twitter.com/fUcGB14kru
— David Abbasi, MD | Orthopedic Surgeon (@DrDavidAbbasi) September 24, 2023