Конор Мек Грегор во моментов е во серија од 15 последователни победи, а последната му е над шампионот во перо категорија, Хозе Алдо, кого го победи со нокаут за само неколку секунди.
Тоа, сепак, во никој случај не може да го респектираа идниот противник, Рфаел дош Ањош, кој го прогнозираше исходот на 5 март на средбата со Конор.
„Прогнозирам дека сигурно ќе победам. Не гледам како може тој да ме победи. Но, еве ви нешто поконкретно – овој дуел нема да стигне до петтата рунда. Можеби ќе има две или три рунди. Тој нема да може да ме задржи повеќе од две рунди. Ќе се скрши. Ќе се скрши како мало девојче“.