Рафаел дос Анчос успешно се врати во лесна категорија (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Рафаел Дос Анчос успешно се врати во дивизијата по тригодишно присуство во полутешка категорија, совладувајќи го Пол Фелдер.

Мечот кој беше главен на турнирот на УФЦ Фајт најт 182, заврши со поделена судиска одлука во корист на Бразилецот.

Дос Анчос ја контролираше битката 25 минути и според двајца судии ги доби сите рунди, победувајќи во мечот со 50-45. Сепак, третиот судија необјасниво му даде предност на Фелдер – 48-47.

https://twitter.com/btsportufc/status/1327806210561675264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1327806210561675264%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Frafael-dos-anos-se-zavrna-uspeshno-v-leka-kategoriya%2F

„Се подготвував за битка против борец левичар, а Пол Фелдер е ортодоксен борец, но морав да се справам. Ова беше мојата прва борба во лесна категорија по подолго време и морам да направам некои прилагодувања“, изјави победникот по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON