Рафаел дос Анчос сака да се бори против Конор Мек Грегор

Поранешниот шампион во лесна категорија, Рафаел дос Анчос, минатиот викенд ја извојува 31-ва победа во кариерата.

Бразилскиот борец со едногласна одлука на судиите го совлада сонародникот Ренато Моикано на настанот УФЦ 272 во Лас Вегас.

Со новиот триумф, 37-годишниот борец потврди дека и понатаму припаѓа на врвот во лесна категорија, а покажа и желба да се бори со Конор Мек Грегор.

„Би била голема борба. Ме немаше 16 месеци, а Конор во меѓувреме ја скрши ногата и се враќа налето“, рече Рафаел дос Анчос и продолжи:

„Се е толку лудо во лесна категорија, а јас не би имал ништо против натпреварот против Конор. Тоа би било голема борба, а во борбата би имало многу пари. Барам противник кој би ме мотивирал да тренирам уште подобро.

Конор Мек Грегор се надева дека првата борба по закрепнувањето од повредата би можела да биде онаа за титулата.

Шефот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна изјави дека има неколку опции, а се зависи од исходот на мечот меѓу шампионите Оливеира и Гејџи. Дос Анчос се осврна и на Ислам Махачев.

„Имаше шанса да се бори со мене, но ја одби понудата. Изгледа дека Махачев сега ќе се бори со Бенеил Дариуш. И Конор Мек Грегор се враќа налето“, изјави Рафаел дос Анјос и заклучи:

„Има неколку комбинации, а мечот за титулата е веќе договорен. Сакам само да бидам активен и ми треба добар противник. Јас сум во ова долго време и ми треба некој да ме мотивира да се подготвам посилно, а тоа дефинитивно би бил Конор Мек Грегор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО