Рафаел дос Анчос го предизвика Конор Мек Грегор

Поранешниот шампион во лесна категорија, Рафаел дос Анчос, не верува во гласините за повлекување на Конор Мек Грегор од ММА.

Неодамна, големата ѕвезда на УФЦ уште еднаш објави дека се повлекува од ММА затоа што не е задоволен од УФЦ. „Озлогласениот“ сакаше да се бори за титулата во лесна категорија, но УФЦ не му дозволи и сакаше да го понижат. Конор се вознемири и рече дека веќе не се возбудува од борбите.

Рафаел, кој трбаше да се бори со Мек Грегор пред неколку години, има уште една борба во УФЦ и сака таа да биде против Ирецот. Конор најверојатно нема да прифати ваква борба, но Бразилецот реши да си ја испроба среќата. Дос Анчос е подготвен да се бори против Мек Грегор во која и да е категорија што ќе ја избере Конор.

„Конор Мек Грегор, ајде да го направиме тоа. Ако бараш битка, тогаш јас сум човекот. Знаете дека секогаш сум подготвен да борба. Избери си категорија. Тури им пепел на тие глупости за повлекување од ММА“, напиша Рафаел на социјалните мрежи..

https://www.instagram.com/p/CBWy-3qgamB/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON