Се претставил како УФЦ борец, пукал и ранил осуммина (ВИДЕО)

Осум лица се повредени откако маж почнал да пука пред бар во Сан Антонио, Тексас.

Вилијам Мекманус, началник на полицијата, соопшти дека човекот изјавил оти е УФЦ борец од Калифорнија, а потоа извадил пиштол и почнал да пука. Се почнало откако човекот пиел со група во ресторанот на нваденото место, а потоа решил да оди на друго место.

Групата тргнала во барот „Ребар“, но обезбедувањето не ги пуштило, затоа што биле премногу пијани. Ова очигледно го налутил еден човек од групата кој се претставил како УФЦ борец, а потоа отишол до автомобилот, извадил оружје и почнал да пука, повредувајќи осум лица.

Сите жртви на пукањето се во стабилна состојба. Инспекторите ги прегледуваат снимките од безбедносната камера во обид да ги идентификуваат осомничените.

https://twitter.com/ThePugilistMag/status/1271897671196868609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fmazh-predstavyasht-se-za-ufc-boets-strelya-i-rani-8-dushi

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО