Путин остана без почесниот црн појас и во таеквондо

На рускиот претседател Владимир Путин му е одземен почесниот црн појас во теквондо по руската воена операција во соседна Украина.

Сојузот, чиешто седиште е во јужнокорејската престолнина Сеул, наведувајќи го мотото „Мирот е подрагоцен од триумфот“, ја осуди руската воена интервенција во Украина, наведувајќи дека „бруталните напади врз невини животи“ ги кршат спортските вредности за почитувањето и толеранцијата.

„Поради тоа Меѓународниот теквондо сојуз (ИТФ) одлучи да му го одземе почесниот црн појас 9-ти дан доделен на Владимир Путин во ноември 2013 година“, се наведува во соопштението.

ИТФ, исто така, ќе му се приклучи на Меѓународниот олимписки комитет во забраната за истакнување руско знаме и интонирање на руската химна на сите меѓународни натпреварувања.

Одлуката е донесена откако Меѓународната џудо федерација во неделата објави дека ќе го суспендира статусот на Путин почесен претседател на сојузот и амбасадор на овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON