Путин го охрабрил Поветкин: Само напред, Русија е број еден!

Povetkin marius Vah

Претседателот на Русија, Владимир Путин, лично го охрабил Александар Поветкин пред средбата со Мариуш Вах (Полска). Борбата заврши со технички нокаут во 12-тата рунда, откако докторот ја прекина средбата поради повреди по лицето.

„Путин ми се јави пред мечот и ми рече: „Само напред, Русија е број еден ““, истакна Поветкин.

Тој е официјален кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет, која е во сопственост на Дионтеј Вајлдер. Американецот доби прилика да направи уште една доброволна одбрана во јануари, пред да ја има задолжителната против Поветкин напролет.

„Подготвен сум да се борам со него уште во наредниот меч. Нема проблем борбата да е во САД. Тоа нема да ми наштети во подготовките“, рече Русинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON