Вчера беше пуштен во употреба Спортскиот центар „Лирија“ во скопската наслеба Чаир, во склоп на истоименото училиште, каде што се наоѓа и салата за борење „Ментас Алајбегу“.
Спортскиот центар во употреба го пуштија градоначалникот на Чаир,Изет Меџити, министерот за економија Изет Бекири, претседателот на БК Лирија Бетим Вренези и тренерската легенда на клубот Хајруш Синани.
„Изгрдабата на СЦ „Лирија“ чинеше 6 милиони денари, а 60 отсто од нив се на Општина Чаир и 40 проценти се обезбедени од спонзори. Сите средства што ќе се заработат од СЦ ќе бидат наменети за БК Лирија. На овој начин сакаме да обезбедиме постојан извор на средства за клубот“, изјави претседателот на Лирија, Бетим Вренези.
За извесно време се планира доврашување на комплексот за да може на борачите да им се обезбедат услови за исхрана.
Ipon.mk/В.Д.