Една од нашите најдобри каратистки во кати, Пуликсенија Јовановска, пред утрешната борба за бронзениот медал на ката тимот na Европското првенство во Турција вели дека се победени два исклучително силни тимови, третопласираната Белорусија од минатогодишното ЕП и големата Англија.
-Во мечот за финалето бевме поразени од актуелниот светски шампион Германија. Презадоволни сме од оставрениот резултат, иако сме млад тим континуирано нижиме успеси во сениорските води. Подготвени сме и веруваме во нас. Она што може да го ветиме е дека ќе го дадеме максимумот од нас против големата Шпанија, – истакна Јовановска.
ipon.mk/В.Д.