Пуликсенија Јованоска обезбеди најмалку пето место на Европското карате првенство за сениори во кати во женска конкуренција. Таа има шанса да се избори за бронзениот медал во судирот на второ и третопласираните по групи во третата фаза. И ова е најголем успех на нашата каратистка.
Јованоска на шампионатот во Гвадалахара – Шпанија, во првиот круг беше прва во четвртата група, потоа трета во втората фаза и во третата фаза, кога се одлучуваше за борбите за распределба на медалите таа беше трета пред неа беа големата фавритка за златниот медал Сандра Санчез од Шпанија и Дилара Елтемур.
Ферри Исиќ во првата фаза беше петти во третата група и на крајот го задеде 21 место.
Резултати
Kати
Пуликсенија Јованоска
-23,8 поени (16,66 + 17,4) – прва во 4 група
-23,98 поени (16,66 + 7,32) – трета во втората фаза, прва е Сандра Санчез (Шпанија) со 25,74 поени а втора е Дилрара Елтемур (Турција) со 24,94 поени
-24,22 поени (17,08 +17,4) – трета во третата фаза, повторно Санчез прва – 27, 64 и Елтимур втора – 25,74
Ферри Исиќ – 21.82 поени (15,40 + 6,42) – петти во 3 група
Ipon.mk