Кубрат Пулев даде официлајна изјава за скандалозниот бакнеж кој беше вест во сите светски медиуми.
По победата над Богдан Дину во САД Пулев ја бакна репортерката која го интервјуираше по средбата.
„Можеби сте го виделе клипот во кој ја бакнувам репортерка по мојата победа во сабота вечерта.
Репортерката е Џени и таа ми е пријателка. Толку бев возбуден и среќен, што по интервјуто ја бакнав. Подоцна, вечерта, таа ни се придружи на мене и на моите пријатели за време на прославата на победата.
Во видеото по бакнежот и двајцата се смеевме и взамемно се заблагодаривме. Нема ништо повеќе“.
Од работодавачите на новинарката излезе изјава дека во детали ќе го проверат случајот, бидејќи го сметаат за вознемирувачки и даваат јасно на знаење дека го гарантираат почитувањето и безбедноста на својот тим.
https://www.facebook.com/KubratPulev/posts/10157310650007884:0
.