Пулев половина од заработката во мечот со Џошуа ќе ја донира на бугарското здравство

Бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев – Кобрата половина од заработката која ќе ја оствари од борбата со Ентони Џошуа ќе ја донари на бугарското здравство.

Бокс-спектаклот кој првично требаше да се одржи на 20 јуни во Лондон на стадионот на Тотенхем, се откажа поради пандемијата со коронавирусот, а сега се бара ново место за одржување и датум.

„Парите ќе ги дадам на лекарите, медицинските сестри и на болниците кои имаат потреба од заштитна опрема во борбата против овој ѓаволски вирус. На нашите херои ќе им дадам 50 отсто од заработката од мечот против Џошуа“, истакна Пулев.

Се очекува Пулев да заработи околу пет милиони долари, што значи 2,5 милиони долари ќе бидат наменети во донации, но прво треба да се одреди нов датум за борбата за ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО титулите, кои се во сопственост на Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON