Мариуш Пуџијановски (12-6-1 НЦ) со неговите настапи донесе голема популарност на КСВ.
Полската промоција на своите фанови редовно, покрај со квалитетни борби, нуди и некаво фрик-шоу.
Така, поранешениот снагатор на 23 март на КСВ 47 во Лоѓ ќе се бори против олимпискиот победник во дигање на тегови на Шимон Колецки.
37-годишниот Колецки 2008 година во Пекинг стана олимписки победник, а има и сребро од Игрите во Сиднеј во 2000 година. Покрај тоа, пет пати ја освојуваше европската титула до 94 килограми.
Во 2017 година ја почна ММА кариерата и за кратко време стигна до 6 победи и еден пораз. Сите победи ги направи со нокаут.
41-годишниот Пуџијановски во последниот меч изгуби со кимура од поранешниот КСВ шампион Карол Бедорф во тешка категорија.
На настанот во Лоѓ се враќа Лефт Ду Плесис (12-2) по поразот од Роберт Солдиќ.
Јужноафриканецот во сударот со поранешниот првак во велтер категоирја ќе ги одмери силите со Борис Манковски (19-7-1).
Тие двајцата требаше да се борат на КСВ 41, но Ду Плесис мораше да се откаже поради повреда. Го замени Солдиќи и го освоил појасот до 77 килограми.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=3Y3RsRs5Z-g
https://www.youtube.com/watch?v=EPIoHxIgRRc
.