Усик и Џошуа 107 секунди се гледаа во очи без да трепнат (ВИДЕО)

Александар Усик и Ентони Џошуа имаа интересно одмерување на силите, но не во ринг и не со тупаници, туку водеа психолошка битка за време на официјалното мерење пред утрешниот дуел во саудискиот град Џеда од 18 часот.

Тие се гледаа во очи цели 107 секунди.

Украинецот и Британецот ќе се борат за шампионските појаси во тешка категорија во четири од вкупно петте верзии колку што ги има во светот на боксот. На мерењето се утврди дека Џошуа е потежок за 10 килограми.

Двајцата боксери ќе заработат по 40 милиони долари од борбата, плус 50 проценти од продажбата на ТВ преносот. Усик нема пораз во кариерата и ќе се обиде повторно да го совлада Еј-Џеј како во септември во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON