Прво соочување на Холовеј и Катар (ВИДЕО)

Првиот настан на УФЦ во новата година е на 16 јануари предводен од борбата помеѓу Макс Холовеј и Калвин Катар.

Борците се соочија пред Арената „Етихад“ во Абу Даби пред нивниот судир на на УФЦ Фајт Ајленд 7.

Организаторите на настанот имаат дозвола да го организираат настанот со присуство на гледачи, така што нивната борба во живо ќе ја следат 2000 љубители на ММА, кои треба да се придржуваат до сите епидемиолошки мерки.

И двајцата беа многу сериозни на соочувањето.

Боречкиот настан почнува во 18 часот по средноевропско време, а главната програма се отвора во 21 часот со непоразениот Душко Тодоровиќ.

Тоа е втора борба во УФЦ за српскиот ММА борец (10-0), а противник му е непоразениот Пунахеле Соријано (7-0).

Главна програма на УФЦ Фајт најт (од 21 часот):
Макс Холовеј – Калвин Катар
Карлос Кондит – Мет Браун
Сантијаго Понзинибио – Ли Жинглијанг
Хоакин Бакли – Алесио Ди Кирико
Пунахеле Соријано – Душко Тодоровиќ

Распоред на воведните борби (од 18 часот):
Фил Хоус – Насурдин Имавов
Ву Јанан – Жозелин Едвардс
Омари Ахмедов – Том Бриз
Карлос Фелипе – Џастин Тафа
Ник Ленц – Мајк Грунди
Давид Завада – Рамазан Емеев
Сара Морас – Ванеса Мело
Џејкоб Килбурн – Остин Линго

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО