Прво па машко! Тоа е епилогот од првата професионална борба на Горјан Славески-Гого во Чикаго, САД.
Гого славеше со нокаут во втората над Ентони Морган, а претходно четири пати го праќаше противникот во нокдаун. Ова е добар почеток и надоврзување на победите во серија откако во како аматер нанижа неколку триумфи.
Мечот беше во организациј на Боксинг хитз и дел од настанот Фајт најт.
„Очекувам нокаут во првата рунда, но не испаѓа се по планираното, па може да биде и во втората.
Ќе се борам под македонска знаме. Иако сум оштетен од македонската политика вмешана во спортот, поддршката многу ми значи, зашто ќе го претставам мојот народ“, ова беше изјавата на Славески за Ipon.mk пред еден месец.
Цело Ѓорче Петров беше на нозе поради настапот на нивниот другар, пријател и роднина.
Ipon.mk/В.Д.