Првите зборови на Каин Веласкез по ослободувањето со кауција

Минатата недела поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез беше ослободен од затвор со кауција од 1 милион долари.

По ослободувањето го даде првиот официјален коментар.

„Подготвен сум да си одам дома. Да бидам со саканите, семејството, пријателите и да извадиме нешто позитивно од целата оваа ситуација. Им благодарам на сите што ме поддржаа, ве сакам сите. Само секогаш трудете се да бидете подобри како луѓе, секогаш правете добри работи, само правете нешто позитивно од лошите ситуации. Јас и моето семејство ќе го направиме токму тоа. Ви благодарам“, рече Веласкез.

По ослободувањето, Веласкез ќе треба да носи ГПС тракер и да не приближува на 270 метри од наводните жртви во тужбата. Тој исто така треба да се подложи на третман за можни повреди на мозокот и нивните последици.

Се уште не е познато кога ќе биде неговото следно судско рочиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON