Првиот борец што го порази Мек Грегор: Конор плачеше по тој пораз! (ВИДЕО)

Mek Gregor Sitenkov

Артемиј Ситенков е името на првиот борец кој го порази Конор Мек Грегор во времето кога актуелниот УФЦ првак беше на почетокот на својата кариера.

Ситенков за победата над тогаш 19-годишниот Ирец заработи 500 евра, но тврди дека поради таа борба се уште се натпреварува. Литванецот летото во 2008 година, доби понуда за таа сума да се бори против штитеникот на Џон Каванаг, а славниот тренер веруваше дека тоа ќе биде лесен потег за Конор. Но, Ситенков е првиот човек што го поразил во професионална ММА борба.

„Верувам дека ме гледаа како лесен противник, Мек Грегор сакаше да ја поправи неговата победничка низа и ме видоа како совршен противник. Физички беше поголем, па мислеа дека лесно ќе ме совлада. Прв дојдов до сабмишн против Конор. Неговите три порази дојдоа на партер, тоа му е најслабата точка“, раскажа Ситенков за Баз и откри дека Мек Грегор плачел по поразот:

„Таа фраза, сите тоа го спомнуваат, дека плачел по борбата. Звучи како да се фалам со тоа и затоа не сакам да пишувам во тој стил, како да се фалам. Тогаш тој беше тинејџер, имаше 19 години и прв пат изгуби. Нормално е малку да плачел“.

33 годишниот Ситенков за победата над Мек Грегор и порано зборуваше за медиумите, а на Јутјуб и денес може да се најде видео од борбата.  Конор го реши за само 69 секунди, а Ирецот остана да лежи во болки.

Ситенков во кариерата има остварно 15 победи и 16 порази, но во последните 10 борби загуби 9.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО