Горјанин сенсеи и неговиот Јамамори центар за ментална хигиена и изворни вештини повторно впишуваат историја. Имено, за прв пат во Македонија се формира и започна со практика првата студиска група за Шодо – изворна јапонска калиграфија и Суми-е – јапонско мастило сликарство, под водство на проф. Анџело Бонано шихан од Таиџишинкан, Италија.
Шодо е една од најстарите и најдлабоки традиционални форми на уметност во Јапонија, развиена и ценета уште од 5-от век, објаснува сенсеи Иванчо Горјанин и додава дека таа има долга богата историја која минува низ многу можни калиграфски стилови и изрази за време на своето постоење од над 3000 години.
Шодо не е само високо ценета уметничка форма во Јапонија, таа е и вештина и естетика по самата себе. Длабочината на својата убавина во Шодо не е само резултат на разновидните техники придружени од четката и мастило, туку и во нејзината есенција, внатрешниот мир, тишината и душевната концентрација.
„Радосен сум што по многу работа и преку состојбата која сè уште ја минуваме, успеавме да ја отпочнеме оваа студиска група, засега преку интернет врска, но се надеваме на нормализирањето на состојбата, сето ова да се случува во живо и тоа со голема поддршка од Бонано шихан како и неговата максимална заложба.
Програмата е уникатна по својот пристап и учење. Оваа програма е целосно лиценцирана и иако ова е само еден скромен почеток, во скоро време се надевам, дека уште повеќе ќе се радуваме на успесите на следните генерации на Шодоки кои доаѓаат. Токму тука, во Македонија“, вели Горјанин, имплементатор на групата во Македонија.
Линкови:
Shodo Macedonia – https://www.facebook.com/shodoryu/