Прва книга за таеквон-до ИТФ: „Патот до црн појас“ од Марјанчо Лазаревски

„Патот до црн појас“ од сабум Марјанчо Лазаревски е неговата прва книга за таеквон-до ИТФ и воопшто првата книга за овој спорт во Македонија. Книгата е излезена од печат, но поради коронавирусот промоцијата е одложена и се чека погоден момент за промовирање за пошироката јавност.

„Илијадници посакуваат да носат црн појас, стотици мислат дека заслужуваат да носат црн појас, но само неколку имаат дисциплина, посветеност и истрајност да го заслужат нивниот црн појас, тогаш сфаќаат дека штотуку започнале со тренирање. Што повеќе учам повеќе сфаќам уште колку треба да учам ТАЕКВОН-ДО – долг животен пат“, ја почнува книгата сабум Лазаревски со основната водилка за оваа корејска вештина.

Лазаревски го објаснува патот до црниот појас со илустрирање техниките за полагање, нешто што му недостасуваше на овој спорт.

„Би сакал на овој начин да ги стимулирам младите и нивните родители да почнат да се занимаваат со спорт, а јас и го препорачувам таеквон-до ИТФ, како еден од најдобрите индивидуални спортови, кој воедно е прогласен и за најдобар фитнес при што се согоруваат најмногу калории“, истакнува авторот и додава:

„Во текот на догогодишната пракса ја увидов потребата имињата на ударите, блоковите, ставовите, воопшто на целата таеквон-до ИТФ техника од корејски, во оваа книга да ги преведам и напишам на макеоднски јазик за полесно совладување и разбирање на таеквон-до техниката“.

Лазаревски наведува дека тоа боречка вештина на која и нема рамна ниту во силата ниту во техниката и наречена кралица на боречките вештини.

Марјанчо Лазаревски е носител на црн појас  5 дан и е претседател на ИТФ Македонија и ТКД Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид. Најголем успех на Лазаревски, како сестран борец, во боречката кариера е сребрениот медал на Светското првенство во кик бокс 1996 година во Прага, Чешка, а 1999 година стигнува до четвртфиналето на ЕП во таеквондо ИТФ во Ричоне-Италија.

„Патот до црн појас“ е посветена на генералниот спонзор ПН Метал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО