Шампионот на УФЦ, Конор Мек Грегор и боксерски легенда Флојд Мејведер ги окупираа насловните страници на списанијата откако стана јасно дека ќе се сретнат на 26 август во Лас Вегас.
Мејведер излезе со првата официјална изјава откако го потпиша договорт за мечот.
„Мек Грегор е опасен противник. Луѓето од целиот свет го сакаа овој дуел. Се повлеков, но сакаа да се вратам – се вратив“.
И двете страни се задоволни од склучениот договор. А Мани ги повика навивачите да го поддржат својот миленик.
„Треба да застанете зад својот човек. Поддржувајте борец во кого верувате. Тој е одличен натпреварувач“.
.