Првата група македонски спортисти отпатува на Европските игри, кои ќе се одржат во Краков, Полска од 21 јуни до 2 јули. Македонија ќе има 17 претставници во седум спортови.
За Краков отпатува олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски и Анамарија Георгиевска (таеквондо), како и боксерите Озмен Илхан Атила, Ален Рустемовски и Арјан Исени
Ова е трето издание на Европските игри и би требало да претставуваат индикатор за формата на македонските најистакнати спортисти во олимписките спортови, на една година до Олимписките игри во Париз.
На првото издание во Баку 2015 година каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски освоија бронзени медали. Павлов има шанса да го повтори и подобри успехот во третиот настап на Европските игри.
УЧЕСНИЦИ НЕ ТРЕТИТЕ ЕВРОПСКИ ИГРИ
Емил Павлов карате
Дејан Георгиевски таеквондо
Милијана Рељиќ таеквондо
Анамарија Георгиевска таеквондо
Озмен Илхан Атила бокс
Ален Рустемовски бокс
Арјан Исени бокс
Анастасија Мојсовска стрелаштво
Мартин Ангелески стрелаштво
Димитар Пејчиновски текбол
Анѓел Петрушев кајак
Никола Малевски кајак
Владимир Малевски кајак
Никола Николовски мечување
Петар Србиноски мечување
Петар Дамјаноски мечување
Матеј Тодороски мечување