Првакот на Ризин во полутешка катгеорија Јири Прохаска (25-3-1) во Осака во првата рунда го нокаутира Фабио Малдонадо (25-14).
Мечот се одржа на тежина до 100 килограми и појасот не беше влог.
Чех го здрма 39-годишниот Бразилец со кратко лево кроше по нешто повеќе од една минута борба. Поранешниот борец на УФЦ почна да се повлекува во аголот, па падна опо неколку примени удари. Прохаска веднаш се фрли на него и судијата го прекина мечот.
На 26-годишниот Дениси ова му беше 11-та борба за Ризин и 10-та победа. Малдонадо изгуби 3 од 4 последни борби во ММА.
Во четвртфиналето на Гран-при, Патрики Фреир (22-8) го нокаутира 41-годишниот ветеран Татцују Каваџири (37-14-2) во првата рунда со летечко колено.
Бразилецот во полуфиналето што ќе се одржи на 29 декември се бори со Луис Густаво (10-1) кој го совладаа Хирота Уесак (18-8).
Тофик Мусајев (16-3) го заврши Австралиецот Дамјан Браун (20-13) во првата рунда по еден хај кик и за влез во финалето ќе се бори со Америакенцот Џони Кес (27-6-1) кој со удари го присили Роберт де Созу (9-1) на предавање.
Финалето се одржува два дена по полуфиналето на 31 декември.