Балканец освои медали и во грчко-римски стил во Перник (ФОТО)

Борачите на Балканец покажаа дека можат да освојуваат медали и во грчко-римски стил. Денеска осуммина во Перник (Бугарија) на 4.Меѓународен турнир во борење во грчко-римски стил „Куп Иво Ангелов“ освоија 5 медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени.

Медалите за Балканец ги освоија: Марио Ананиев (-35 кг) – златен, Леон Манов (-25 кг) –сребрен, Андреј Мишев (-25 кг), Стефан Стојков (-32кг) и Јован Атанасов (-35 кг) – бронзени.

На турнирот учествуваа борачи од Ерменија и сите клубови во грчко-римски стил од Бугарија.

„За пофалби се и останатите борачи Бојан Спасевски, Ненад Панов и Стојанче Стојков кои покрај две победи, забележаа и два тесни порази, со што за малку не успееја да се закитат со медали. За квалитетот и масовноста на турнирот доказ се борбите на Марио Ананиев кој за да освои златен медал извојува пет победи. Да потсетиме дека нашиот клуб и останатите клубови во Македонија практикуваме слободен стил, но на овој турнир докажавме дека може да освојуваме и медали од грчко-римски стил (каде што зафати за нозете и со помош на нозете не се дозволени). Пофалби добивме од сите страни, пред се од големо значење ни се честитките од Армен Назарјан (2 пати олимписки, 3 пати светски и 6 пати европски шампион) кој посака соработка и заеднички тренинзи на нашите борачи со неговите борачи во Софија. Ова ни дава мотив повеќе за во иднина во нашиот клуб практикуваме и учествуваме на натпревари во грчко-римски стил“, истакнуваат од Балканец.

Борачите кои настапија во Бугарија и други борачи утре ќе настапат на меморијален турнир во Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО