Откако го загуби двобојот во романската верзија на Survivor, 26-годишната Ана Мариа Пал, инаку ММА борец, на својот ривал со глава му го скршила носот.
Ана Мариа го загубила двобојот со ривалката Лола, која задачата ја исполнила пред неа, а наместо да остане достоинствена на поразот, со глава му го скршила носот на маж од ривалското племе, кој дошол да ѝ каже неколку утешителни зборови.
После ударот паднал на земја и се држел за лицето, а Ана Марија ја фрлила топката која ја држела и избегала.
После инцидентот е исфрлена од шоуто кое се снимало во Доминиканската Република. Продуцентите изјавиле дека ги прекршила правилата на шоуто со неспортско однесување.
Пал е втор најуспешен ММА борец во женската категорија во Романија, а на борбите им се посветила откако станала мајка на 19 години.