Пропадна пресметката меѓу Мек Грегор и Алварез

mek-gregor-so-lavarez

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, разочара голем дел од навивачите на компанијата, откривајќи дека Конор Мек Грегор, нема да се бори на УФЦ 205 во Њујорк во ноември.

Се сметаше дека Конор може да се сретне со Еди Алварез во меч за титулата во лесна категорија, но на социјалната мрежа Твитер Вајт посочи дека тоа нема да се случи. Всушност, Еди Алварез ќе земе учество во најголемата вечер, но неговиот ривал ќе биде Хабиб Нурмагомедов.

Можна причина за пропаднатите преговори да е желбата на Мек Грегор да ја задржи титулата во перо категорија, која тој се уште не ја бранел откако го победи против Хозе Алдо.

Не е исклучено следниот меч на Ирецот да биде токму против Алдо кој е привремен шампион на дивизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON