Се чини дека УФЦ 303 се движи кон неуспех откако официјалната прес-конференција во Даблин оваа недела беше откажана и љубителите на мешаните боречки вештини останаа разочарани што долгоочекуваното враќање на Конор Мек Грегор во кафезот можеби нема да се случи. Голем број аналитичари даваат прогнози во двете насоки, но засега нема официјални информации од организаторите или учесниците на галата, планирана за 30 јуни во Лас Вегас. Во отсуство, пак, добиваме вести од надворешни извори, а овој пат интересна изјава на социјалните мрежи доаѓа од сопругата на Мајкл Чендлер – Бри.
„Многумина од вас се свесни дека мојот сопруг се бори за УФЦ. Нема да бидам таму на крајот на јуни да го поддржам на неговиот следен меч на 29 јуни (Во Македонија ќе биде 30 јуни наутро-н.з.). Одиме на семеен одмор после целиот овој хаос. Едвај чекам да ги видам вашите лица повторно кога ќе се вратам!“, напиша г-ѓа Чендлер на својата приказна на Инстаграм, обраќајќи им се на своите следбеници.
Тоа треба да биде знак дека галата останува на распоред, и покрај двоумењето. Дотогаш остануваат уште 3 недели во кои будно ќе следиме каква било промена.