Пронајдено тело на ММА борец в река

Полицијата во Северна Дакота пронашла тело на човек во Црвената река (Ред ривер), а подоцна се испоставило дека станува збор за популарниот ММА борец Дејн Сајерс. 33-годишниот спортист не бил баран, а случајно лице ја алармирало полицијата за безживотно тело во реката.

Резултатите од обдукцијата се уште не се објавени.

Сајерс е поранешен УФЦ-борец, а неговиот скор во ММА е 12 победи и 4 порази. Американецот беше соборец на Жорж Сент Пјер во ТУФ, а последен пат се бореше во 2018 година, кога забележа пораз.

Потоа, Сајерс влезе во битка со голи раце, но беше нокаутиран во неговиот прв меч од Џошуа Дајер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON