Во понеделникот во Тетово беше прoмовирана книгата на Јованчо Јовановски – Шуко „45 години работа во вадо кај карате“.
Јовановски е носител на мајсторски појас 7 дан и е тренер во КК Љуботен од Тетово.
Книгата ја промовираше пред пријатели, челнови и сипматизери на КК Љуботен професор д-р Атанас Филиповски. Меѓу присутните гости беше и сенсеи Живко Тасевски.
Еден од најпознатите каратисти што произлегол од овој клуб е Никола Васоски, кој истоа така беше присутен на промоцијата.
.