Куманово 84 е новиот боксерски клуб на македонската боксерска сцена.
Синоќа на свеченост беше промовиран новиот клуб во семејството на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на кој присуствуваа и леѓендите на југословенскиот бокс Мирко Пузовиќ и Љубиша Ристиќ. Уверението за приме во членство на БФМ го врачија членовите на Управниот одбор на Федерацијата, професор Војо Настевски и Оливер Станков.
Клубот ќе го водат освојувачот на сребрениот медал од ОИ во Лос Анџелес во 1984 година Реџеп Реџеповски, Мухамед Алија, Самет Салиевески и други.
Куманово 84 треба да ја продолжи традицијата на БК Куманово, а, неофицијално, клубот ја има поддршката на градоначалникот.
Ipon.mk