Промоторот: Поветкин, Ортиз или Лебедев се најизгледните противници на Усик

По одличната 2018 година во која стана неприкосновен шампион во лесно-тешка категорија, нов голем испити го чека Александар Усик (16-0, 12 КО).

Прашање е на која тежина ќе се врати во рингот, бидејќи претходно веќе најави подигање во тешка категорија.

Минатата година потпиша договор со Мечрум бокс на Еди Херн кој со К2 Украина заедно ја водат неговата кариера. Херн го застапува тешкашите Ентони Џошуа, Дилиен Вајт и Џарел Милер.

Ако е за верување на зборовите на главниот промотор на Усик, Александар Красјук, некои од најдобрите тешкаши одбиле борба со украинскиот левак.

„Во моментов сме во преговори со еден. Усик и неговиот тим во моментов го користат многу потребните одмор. Но можам да ви кажам дека веќе се соочуваме со проблемот на пронаоѓање на соодветен противник“.

„Џозеф Паркер и Џарел Милер одбија борба со Александар. Такам го предизвика Дерек Чисора. Вајт, најверојатно, ќе се бори со Џошуа. Од врвните тешкаши ни останаа само Александар Поветкин и Луис Ортиз. Шансите се 70 отсто Александар да се бори со еден од нив двајцата во првата борба во тешка категорија“.

„Ако пропадне тоа, може да имаме задолжителна одбрана на титулата во лесно-тешка категорија против Денис Лебедев во март. На крајот на следната недела планираме состанок со Еди Херн, за да разговараме за уште некои опции“.

Борбата со Поветкин или Ортиз во дебито во тешка категорија ќе биде голем предизвик за Усик, додека за реванш со Лебедев во Русија, веројатно, може да заработи добри пари.

Усик во последната борба во ноември во Манчестер во осмата рунда го нокаутира Тони Белју кој се спушти од тешка категорија и ги од бранеше ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ насловите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON