Промоторот на Усик истакнува дека Александар размислува за мечот против Тајсон Фјури

Неколку дена како бомба се слушаше веста дека најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ треба да се бори за појасот на ИБФ против шампионот Aлександар Усик.

Имено, ИБФ му нареди на Украинецот да ја брани титулата против Филип, кој стана задолжителен предизвикувач по победата против Жилеј Жанг.

Промоторот Еди Херн откри дека Хрговиќ ја сака борбата и нема да му даде изземање на Усик. Доколку украинскиот борец избере друг противник, тогаш ИБФ може да му ја одземе шампионската титула.

Aлександр Усик моментално ги има појасите на ИБФ, ВБО и ВБА, а неколку пати повтори дека сака да ја освои титулата на ВБЦ, која ја држи Тајсон Фјури. Украинецот сака да биде апсолутен шампион во тешка категорија.

Но, тимот на Усик не е премногу загрижен за новите случувања. Промоторот на Усик, Алекс Красјук, истакнува дека Александр сака да ја има следната борба против Фјури.

„Должноста кон задолжителните предизвикувачи нема да влијае на нашите планови за обединување на шампионските појаси“, истакна Алекс Красјук и додаде:

„Усик сака меч за апсолутен светски шампион. Верувам дека тоа ќе се случи наскоро, а мечот за обединување на титулата ќе се организира некаде на Блискиот Исток“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО