Френсис Нгану (0-1) за малку ќе го шокираше светот кон крајот на минатата година кога го нокаутира Тајсон Фјури (34:0:1) во нивната пресметка во Ријад. Подоцна мораше да признае пораз со едногласна одлука, но многумина останаа огорчени што раката не му беше крената. Такви луѓе има дури и во кампот на „Џипси Кинг“. Извршниот директор на Топ ранг, Тод Дубеф признава дека сака да види реванш меѓу двајцата.
„Тој го заслужи правото на реванш. Неговиот настап тоа го бара. Видовме дека има шанса, иако никој не го очекуваше тоа од него“, изјави Дубеф за Скај спорт.
Засега, Фјури има други планови, поточно да стане неприкосновен светски шампион во тешка категорија. На 17 февруари тој повторно ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се бори против Александар Усик.
Предаторот, пак, планира да дебитира во ПФЛ, а до неодамна се шпекулираше дека би можел да се сретне со Дионтеј Вајлдер во ММА кафезот. Сепак, тоа сега изгледа невозможно со оглед на поразот на Бронзениот бомбардер од Џозеф Паркер на 23 декември.