Промоторот на Поветкин: Новиот примерок е чист, чекаме извинување или…

Rjabinski povetkin oci v oci

Претседателот на промотерската компанија „Мир бокс“ Андреј Рјабински соопшти дека новиот официјален допинг тест на Александар Поветкин е чист.

„Го добивме новиот официјален примерок на Поветкин. Чист е. Сега очекуваме нашите противници и некои американски новинари да се извинат … Или да си платат за кажаното“, напиша Андреј Рјабински во својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Потсетуваме дека средбата меѓу светскиот шампион во супер тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер и задолжителниот предизвикувач Александар Поветкин, кој првично требаше да се одржи на 21 мај во Москва, беше одложен на неодредено време поради позитивниот допинг тест на Русинот на мелдониум, кој беше ставен на листата на забранети супстанци на ВАДА од 1 јануари 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON