Промоторот на Поветкин: Ќе го убедам Саша да стави крај на кариерата

Андреј Рјабински, промоторот на Александар Поветкин, за медиумите изјави дека реваншот со Дилиен Вајт најверојатно ќе биде последната пресметка во рингот за неговиот боксер.

Да потсетиме дека „Крадецот на трупови“ го нокаутираше во четвртата рунда рускиот боксер во Гибралтар на 27 март.

„Ќе го убедам Саша да стави крај на кариерата. Мислам дека ова е неговата последна битка“, рече Рјабински на својот профил на Твитер.

Александар Поветкин има биланс од 36 победи (22 со нокаут), 1 нерешена (со Мајкл Хантер) и 3 порази (од Владимир Кличко, Ентони Џошуа и Дилиен Вајт) во професионалниот боксерски ринг.

„Рускиот витез“ е поранешен светски шампион на Светската боксерска асоцијација – ВБА, носител на интерконтиненталните појаси на ВБЦ, ВБА и ВБО.

Во 2004 година, Поветкин стана првиот олимписки шампион на Русија во тешка категорија, освојувајќи ја титулата на Олимписките игри во Атина, Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON