Абел Санчез, тренерот на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБЦ шампионот во средна категорија, Генади Головкин, не престана со солените коментари спрема Сол Алварез – Канело откако Мексинанецот во феврурари беше фатен со забранетиот кленбутерол во крвта.
Канело се подготвува за реваншот против Головкин.
Нивната прва средба, кој се одржа во септември, заврши со нерешено.
Меѓутоа, Канело имаше уште неколку тестови – и сите беа успешни (негативни). Боксерот, како и неговиот тим, позитивниот резултат го правдаат со заразеното месо. ВБЦ и ВБА ја поддржуваат нивната теза.
Ерик Гомез, претседателот на Голден бој прмомушнс, кој се грижи за кариерата на Канело, воопшто не се плаши од коментарите упатени од Санчез.
Тој дури тврди дека Санчез веќе го подготвува својот говор за моментот кога неговиот борец ќе биде поразен.
„Абел може само да џафка, но знаете што велат – „куче кое лае, не каса“.
„Сметам оти е загрижен за претстојниот дуел. Знае дека Сол може да го победи неговиот боксер. Се обидува да најде оправдување за по средбата“.
„100 проценти сум сигурен дека дуелот ќе се одржи. Испратени се сите информации што ги имаме. Кога ќе заврши истрагата, ќе можеме да зборуваме во детали за тоа што се случило. Подготовките е со полна пареа, бидејќи средба ќе има. Кој верува дека ќе биде откажано, многу греши“.
„Канело ќе се грижи за себе. Самиот тој ми рече дека тоа нема да се повтори. Луѓето не разбираат дека еден борец не е постојано на диета, туку само кога се подготвува за дуел. Меѓу средбите можат да јадат и да пијат што им одговара. Таква е ситуацијата и во овој случај. Тој не тренираше тогаш и не мислеше на диетата“.
„Мирен е, добро се чувствува, бидејќи знае дека тоа е само грешка. Не го направил тоа намерно – едноставно јадел лоша храна“.