Промоторот на Головкин: Не знам дали можеме да победиме со одлука на судиите во Лас Вегас

Генади Головкин верува дека е подобриот борец откако му беа одземени титулите од Сол Алварез – Канело со судиска одлука изминатиов викенд во Лас Вегас.

Казахстанецоѕ повторно се чувствува лошо по 12-рундниот дуел со Канело. Ги изгуби ВБА, ВБЦ и ИБО титулите откако судиите досудија победа во корист на мексиканската ѕвезда со 115-113, 115-113, 114-114.

36-годишниот Головкин (38-1-1) набрзина го напушти ринго откако го забележа првиот пораз.

Тој не беше задоволен од оценката и верува дека направил доволно за да му припадне победата.

„Нема да кажам кој победи оваа вечер, бидејќи според судиите победата е за Канело“.

„Мислам дека тоа беше добар меч за навивачите, возбудлив. Мислам дека се борев подобро од него“.

Головкин и Канело имаа средба пред една година, а заврши со нерешен резултат. Двојката требаше да се бори во мај, но Мексиканецот падна на два допинг теста и доби шестмесечна казна.

Навивачите мораа да почекат малку повеќе, но вредеше, бидејќи двајцата боксери навистина дадоа се од себе за да ја импресионираат публиката, во која беа и ѕвезди како кошаркарот Џејмс Леброн.

Канело веќе зборува за можната трета средба, а Головкин додава:

„Би сакал трета борба. Ќе преговарамеза тоа“.

Том Лофлер, кој го промовира Головкин, верува дека за нив ќе биде крајно тешко да го поразат Канело во Вегас.

„Не знам дали можеме да победиме со одлука на судиите во Лас Вегас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON