Промоторот на Фјури: Усик често плаче како бебе кога ќе добие удар и се жали на судијата

Познатиот боксерски промотер Френк Ворен, кој се грижи за кариерата на Тајсон Фјури, одговори на пораките кои во последно време пристигнуваат од тимот на Усик.

А голема прашина се крена откако Кралот на Ромите го откажа мечот (17 февруари) за апсолутниот шампион против Александар Усик поради повреда што ја доби на спаринг мечот со Агрон Смакиќи.

Ворен верува дека Усик често се жали на уадари во телото за време на борбите и тоа го нарекува негова слабост.

„Постојано се жалеше и стенкаше кога ќе добиеше удар во телото, а наскоро ќе се најде во рингот со вистински мајстор кој ја искористува секоја слабост на противникот. А Усик кога ќе добие удар често плаче како бебе и се жали на судијата“, изјави Френк Ворен и продолжи:

„Тајсон сигурно ќе удри во телото и се надевам дека судијата нема да подлегне на шегите на Усик. Среќен сум што Фјури ќе потврди дека е одличен удирач и секој ден се повеќе верувам во неговиот успех. Особено по борбата на Усик против Дубоа“.

Промоторот на Фјури верува дека расекотината на Тајсон брзо ќе зарасне, а подготовките за мечот, кој е презакажан за 18 мај во Саудиска Арабија, ќе продолжат.

„Исекотини и крв секогаш изгледаат лошо, а по неколку недели се може да изгледа сосема поинаку. Порано имаше грди исеченици, па и оваа ќе зарасне. Шест недели ќе му бидат доволни да се подготви“, истакна Френк Ворен и додава:

„Не им верувајте на гласините, Тајсон беше во фантастична форма. А кога ќе се врати на подготовките, сепак ќе има само една цел. Доброто расположение ќе се врати во кампот, а тој може да продолжи да гради пат до успехот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON