Промоторот на Фјури: Усик често му се жали на судијата

Британскиот промотер Френк Ворен смета дека шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија Александар Усик непотребно се жали на судиите, особено по удари во телото, за да добие пауза и се надева дека судијата во претстојната борба против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури нема да падне на оваа манипулација. 

„Тој е познат по тоа што се жали по ударите во телото“, рече Ворен за Усик во интервју за Скај спортs. „Сега мора да се бори со човек кој знае како да ја искористи секоја слабост. Усик често греши, му се жали на судијата. Ако судијата е цврст, ќе бидам многу среќен и ќе бидам уште посигурен во Тајсон отколку пред Усик против Даниел Дубоа“.

Минатиот август, во борбата меѓу Усик и Даниел Дубоа, имаше контроверзна епизода која вклучуваше толкување на удар во телото. Судијата досуди дека Дубоа го удри ниско и му даде време на Усик да се опорави. Тимот на Дубоа се уште е уверен дека ударот бил зададен во рамките на правилата, и покрај тоа што не ја разгледале одлуката на судијата и исходот од борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON