Промоторот на Фјури: Реваншот со Вајлдер ќе биде во САД

Промоторот на Тајсон Фјури, Френк Ворен, изјави на ЕСПН дека долго очекуваниот реванш против Дионтеј Вајлдер за титулата на ВБЦ во тешка категорија ќе се одржи во САД во првата половина на 2019 година. Според Ворен, најповолни место за спектакуларен настан е Лас Вегас, откако екипата на Британецот во Лос Анџелес остана незадоволна од одлуката на судиите да пресудат нерешено во првиот меч во почетокот на декември минатата година.

„Во моментов работиме на организирањето на мечот, бидејќи сите го сакаат реваншот – навивачите, а најчесто и самите боксери. Салата ќе е во САД, бидејќи таму се парите. Тајсон е разочаран од судењето во првиот дуел, како и јас, па некои работи треба да се променат. Најверојатно средбата ќе се одржи во втората четвртина на годината. Вегас е една од опциите, бидејќи не сакаме да се враќаме во Калифорнија, таму не ни се допаднаа многу работи. Тајсон веќе тренира здраво и мислам дека ќе го направиме реваншот пред јуни“, рече Ворен пред ЕСПН.

Тој не ја пропушти можноста да упати вербални напади спрема промоторот на светскиот шампион на останатите три федерации Ентони Џошуа – Еди Херн.

„Еди многу зборува, но прави различни нешта. Тој требаше да направи борба со Вајлдер минатата година за 80 милиони долари, но не се случи тоа. Сите знаеме дека Џошуа ќе се бори со Дилиен Вајт или Џарел Милер на 13 април. Зошто да не направиме средба Џошуа – Фјури? Ние немаме проблем, Тајсон ќе се бори со кого и да е, каде и да е. Едоставно, плановите на Еди Херн се проблематични, затоа што Џошуа е златната крава и тие сакаат да продолжат да ја молзат“, коментира Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON